Пропуштен термин, изгубени пари.
Appointzy е софтвер за закажување термини со автоматски СМС потсетници. Кај нашите корисници, пропуштените термини паднаа од 9 на 1 месечно.


Potsetnik: Vasiot termin vo Dental Demo e na 05.11.2026 vo 10:00. Ve ocekuvame!
- 1Закажувате термин за неколку секунди
- 2Терминот веднаш е во календарот
- 3Пациентот добива СМС ден пред терминот
„Го препорачувам на секој кој работи со термини. За еден ден го имавме системот поставен и ставен во употреба. Едноставно и практично."
ДраганСтоматолошка ординација Vesna DentВеќе го користат 30+ ординации: стоматолошки, физиотерапевтски и други.
Доверба
Наш производ, создаден со нашите ординации и студија
Appointzy е развиен во Македонија, со предлози од ординациите и студијата што го користат секој ден.
30+ординации и студија веќе го користат
60.000+закажани термини досега
Можности
Сè што ѝ треба на една ординација
Ова го добива секоја ординација: стоматолошка, физиотерапевтска или друга. Стоматолозите добиваат и забен картон.
Автоматски СМС потсетници
Пораката се испраќа сама, ден пред терминот. Пациентот не заборава, вие не ѕвоните.
Помалку празни столови
Од 9 пропуштени термини месечно, на само 1.
СМС шаблони што ги пишувате вие
Пораката ја составувате со свои зборови и додавате {име}, {датум} и {време}. Ја поставувате еднаш, системот ја праќа на секој пациент.
Работи на телефон
Се отвора во прелистувачот. Без инсталација, од каде било.
Јасен ден и јасна недела
Целата недела на еден поглед, по вработен. Без прецртување, без гужва во тетратка.

Повторувачки посети
Серија од десет физиотерапии? Ја внесувате еднаш, а системот ги закажува сите и потсетува за секоја одделно.
Картон и снимки на пациентот
Снимките и историјата на посети стојат кај пациентот, во системот. Не барате по фолдери, УСБ или стар компјутер.
Со вашето лого и вашите бои
Апликацијата изгледа како ваша. Работните часови, услугите и вработените се поставени како кај вас.
Влезни фактури и ДДВ
Фактурите од добавувачите ги внесувате со автоматска пресметка на ДДВ и вкупни износи. Сликајте ја фактурата со телефон и AI ги пополнува податоците.
AI асистент
Вие пишувате. AI асистентот закажува.
Напишете што треба, како на колега. Асистентот го наоѓа слободниот термин и го внесува во календарот.
- Закажува
- Менува
- Поместува
- Откажува
Почеток
Не почнувате
од нула
Заедно ги внесуваме постоечките термини пред да почнете. Од првиот ден календарот е полн, исто како тетратката, само без прецртување.
Секојдневие
Ви звучи познато?
Телефонот ѕвони среде интервенција
Со ракавици на рацете, нема кој да крене. Пациентот се јавува трипати, па се откажува.
Пациентот не дојде
Никој не го потсетил. Столот стои празен, а часот е изгубен.
Тетратката е полна прецртани имиња
Никој не знае кој термин важи, а кој е откажан уште минатата недела.
Како функционира
Како до првиот термин
Три чекори, ништо повеќе.
Оставате телефон
Ве повикуваме, ви покажуваме како работи и поставуваме сè за вашата пракса. Постоечките термини ги внесуваме заедно.
Внесувате термини
Нов термин се внесува за десетина секунди, од компјутер или од телефон.
Пациентите добиваат потсетник
СМС пораката се испраќа сама, ден пред терминот. Вие не правите ништо.
За стоматолошки ординации
Забен картон со историја за секој заб
Допрете заб и гледате сè: дијагноза, третмани, белешки и кој што направил и кога. Без барање низ хартиени картони.
Допрете заб за да ја видите неговата историја.
- Наод
- Планирано
- Направено тука
- Постоечко
- Недостасува
- Има белешка
36 · Прв молар
долу лево- Канал, 3 каналиЗавршено 14.09
- Пломба ОДЗавршено 21.09
- КариесРешено 21.09
Осетлив на ладно по третманот. Контрола за шест месеци.
- 21.09Завршено: Пломба ОДд-р Николовска
- 14.09Завршено: Каналд-р Николовска
- 02.09Внесено: Кариесд-р Трајковски
Наоди и третмани на забот
Кариес, пломба, канал, коронка, мост или имплант, означени на забот и на површината каде што се.
Кој, што и кога
Секоја промена се запишува со датум и име. Може да видите и како изгледал картонот на кој било ден.
План за третман во PDF
Планираните третмани со цени, во нумериран PDF за пациентот. Што прифатил, а што одбил, останува запишано.
Цени од Стоматолошката комора
Стандардните услуги со минималните цени на Стоматолошката комора ги прилагодувате и ги додавате одеднаш.
Прашања
Најчести прашања
Колку чини?
Првите 30 дена се бесплатни. Потоа, од 1500 ден. месечно, со вклучени СМС пораки, па нема посебна сметка за секоја испратена порака. Точната цена за вашата пракса ви ја кажуваме кога ќе ве контактираме, без обврска.
Дали Appointzy е софтвер за стоматолошка ординација?
Да, но не само за нив. Appointzy е софтвер за закажување термини за стоматолошки и физиотерапевтски ординации, студија за убавина и други приватни практики. Стоматолошките ординации добиваат и забен картон: наоди, третмани, белешки и историја за секој заб.
Што ако веќе користиме друга програма?
Не е проблем. При поставувањето заедно ги внесуваме постоечките термини, така што од првиот ден работите со полн календар.
Дали е тешко за учење?
Не. Ако знаете да користите Viber, знаете да користите Appointzy. Внесувањето термин трае десетина секунди, а сè друго оди само.
Дали пациентите мора да инсталираат нешто?
Не. Пациентите добиваат обична СМС порака. Не им треба апликација, ниту интернет.
Што ќе се случи со термините од тетратката?
При поставувањето заедно ги внесуваме постоечките термини. Од првиот ден работите со полн календар.
Работи ли на телефон?
Да. Appointzy се отвора во прелистувачот на кој било телефон, таблет или компјутер, без инсталација.
Дали Appointzy има AI асистент?
Да. Му пишувате што треба, како на колега, а AI асистентот закажува, менува, поместува и откажува термини. Нуди само слободни термини.
Кој ги праќа потсетниците?
Системот, автоматски, ден пред терминот. Вие само го внесувате терминот и ништо повеќе.
Започнете
Започнете уште оваа недела
Оставете телефон и ве повикуваме за 15 минути да ви покажеме како работи. Без обврски, без картичка.
- 30 дена бесплатно, потоа од 1500 ден. месечно
- СМС пораките се вклучени во цената
- Постоечките термини ги внесуваме заедно
- Поддршка на македонски







